„Наместо да му изградат статуа на Дончиќ, тие го избркаа од Далас“

Лука Дончиќ го напушти Далас маверикс и се пресели во Лос Анџелес Лејкерс во еден од најнеочекувани трејдови во последната деценија во НБА-лигата, а тоа ги разочара навивачите на тимот од Тексас.

Навивачите пред Арената на Далас на морбиден начин се збогуваа со Дончиќ - со погреб и ковчег, а дел од нив посочуваат дека клубот направил голема грешка.

„Наместо да му изградат статуа на Дончиќ, тие го избркаа од Далас. Ова не требаше да се случи, ова е најлошиот момент во мојот живот“, вели револтиран навивач.