Млад хрватски фудбалер исчезнал во Шпанија

Хрватскиот фудбалер Јаков Јелкиќ исчезнал во шпанскиот град Аликанте во ноќта меѓу 31 јануари и 1 февруари, а апел за помош испрати неговата сестра на социјалните мрежи.

Јаков бил во Шпанија на фудбалски турнир со својот клуб од Швајцарија, а по одигран натпревар заминале во ноќен клуб, по што му се губи секоја трага.

„Јаков е висок 177 сантиметри, има 70 килограми“, објави неговата сестра и остави телефонски број за контакт.