„Ти си судијата кој нè има пое*ано најмногу! Да ѝ се пос**ам на мајка ти!“

Барселона оствари тешка победа синоќа, во 14. коло од Ла Лига, без исклучениот Роберт Левандовски, но покрај него уште еден фудбалер доби црвен картон, иако седеше на клупа - Џерард Пике. 

Ова требаше да биде последен натпревар за Пике за Барселона воопшто, бидејќи од јануари нема повеќе да биде во клубот, но тој реши да го искористи за да добие црвен картон во тунелот, на пат кон соблекувалните. Причината за тоа е гадниот говор кон судијата Хесус Хил Мансано на паузата меѓу двете полувремиња, поради неколку контроверзни одлуки на Мансано во првиот дел.

„Дали го виде корнерот кој го досуди против нас. Ти си судијата кој не има по**ано убедливо најмногу од сите. Ова е е*ана срамота. Да ја е*ам мајка ти“, излезе во официјалниот извештај од мечот.

Мансано уште во петтата минута досуди корнер за осасуна, кога топката не допре играч на Барселона и токму од тој корнер домаќините поведоа со 1-0. Подоцна во полувремето му додели два жолти картона на Роберт Левандовски и тој ја напушти играта во 38. минута. Тоа беше материјал доволен за Пике да извлече мотивација и да го сотре од пцуење судијата.

Работата е поинтересна ако се знае дека ова беше негова последна средба како фудбалер на Барселона. Минатото коло имаше емотивно испраќање со „Камп Ноу“, кога беше повлечен од игра во 84. минута за да добие овации на отворена сцена, но синоќешниов требаше да биде негов последен натпревар. Очигледно, донел одлука да го искористи на друг начин, иако Чави потоа призна дека имал намера да го внесе во игра.

„Да, планирав да го играм, Пике ќе беше првата замена“, рече Чави.