Најдобриот македонски судија ќе „свири“ на дербито за прво место во Втората лига
Вардар во минатото голо го загуби лидерското место после поразот од Гостивар со пенал, што го искористија охриѓани, па сега црвено-црните кои во минатата сезона двапати успеаа да ја победат Воска имаат шанса на „домашен терен“ да го победат големиот ривал во трката за директен пласман во Првата лига и повторно да се вратат на првото место.
Ставрев пред две недели го судеше големото дерби на Чаир помежу првакот Шкупи и лидерот Струга Трим Лум, на кој единствената грешка која ја направи го реши мечот со пеналот што го досуди, а потоа судиската комисија потврди дека во ситуацијата немало основа за казнен удар.
На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески. Дербито во Втората лига е во фокусот на 10-та рунда од оваа сезона. Дербито во Втората лига е во фокусот на 10-та рунда од оваа сезона. Дуелот се игра половина час пред редовниот термин и поради ТВ-преносот на регионалната телевизија „Спортклуб“, која од минатото коло ги пренесува дуелите на најтрофејниот македонски клуб.
Сите останати дуели се играат од 14 часот, а последниот помеѓу Тетекс и Слога Виница е закажан за во недела од 13 часот.