Циркус: Пелистер со најлони врз циглите ќе ја затоплува салата! (ФОТО)
Како што се гледа на еден од постовите на фан страната на битолските навивачи, со најлон закачен врз циглите ќе се обидат салата да не ја губи и така ниската температура.
„Полека доаѓа зима, а температурата во спортската сала ,,Боро Чурлевски" е за барем 5°C пониска отколку надвор.
● По сите ЕХФ стандарди
● По примерот на најразвиените ракометни земји
● Со 4 трибини и минимум 6.000 гледачи
● Целосно климитазирано и нормални температури за натпревари и навивање
#СакамеСала во #Битола !
ВРЕМЕ Е“, бараат навивачите на битолскиот тим.