Кастратовиќ замина на печалба во првакот на С. Арабија
Откако селекторот на кадетите Раде Стојановиќ потпиша во Катар, Кастратовиќ е втор кој оди во арапскиот свет и тоа во првакот на С. Арабија со кој ќе игра на неофицијалното светско првенство „Супер Глоуб“ кое ќе се игра во Дамам.
Кастратовиќ е поранешен тренер на Вардар, Металург и Пролет, кој беше селектор на Иран и на Црна Гора, покрај селекторската функција во Македонија, а беше тренер и на босанска Слобода Тузла.