
За прво место во Евролигата „смешни“ 1,75 милиони евра - „сто пати“ помалку од ЛШ!
Според финансиската дистрибуција, 79 отсто од парите ќе бидат поделени на тимовите врз база на маркетингот, присуството на навивачи, правата за емитување, спонзорства..., а 21 отсто за спортските успеси. И најслабите четири тима нема да добијат ништо, а првиот е единствен кој надминува заработка од над еден милион евра. Така досегашните 1,5 милиони евра сега ќе бидат 1,75 милиони евра.
Евролигашите со А-лиценца имаат загарантиран приход од 1,5 милиони евра, а тие без таа лиценца минимум од 500.000 евра, за четирите кои ќе играат фајнлфор им се загарантирани уште 650.000 евра за учество, а првакот добива уште 1,5 милиони евра. Тоа значи дека за европска титула после цела сезона едвај првакот добива пет милиони евра.
Како за споредба, кога сѐ ќе се собере во фудбалот и елитната ЛШ, разликата е екстремно повеќе во корист на фудбалскиот првак на Стариот континент, чија заработувачка севкупно надминува веќе длабоко надминува над 100 милиони евра.