Беласица се раздели со Арифовски, па Гуцев седна на клупата

Струмичка Беласица од денеска има нов тренер и тоа во својот поранешен фудбалер Благој Гуцев, кој седнува на клупата на местото на Шефки Арифовски, после само шест кола во второлигашката конкуренција.

Арифовски ги предводеше струмичани до осум бода во досегашниот тек од сезоната, со две победи и исто толку ремија и порази, па македонскиот џин од југоистокот е седмопласиран со веќе сериозно заостанување од првите две позиции, на шест бода.

Арифовски и Беласица спогодбено се разделија и тоа само три дена откако беше победена незгодната Беса, а експресно е наименуван Гуцев.

Новиот кормилар досега беше помошник, а е дете на Беласица уште од пионерските денови.