Нов пораз за кошаркарките: Македонија загуби и од Косово на ЕП

Македонските кошаркарки до 16 години загубија од Косово со 25-64 и така ја продолжија лошата серија на Европското првенство (ЕП).

Кошаркарките имаа лош старт на мечот, па Косово веднаш направи предност од 20-7, а на полувреме зголеми на убедливи 34-15.

Во вториот дел македонските кошаркарки продолжи по исто темпо, а нивните врснички од Косово постојано ја зголемуваа предноста. По третата четвртина водеа со 49-21, а на крајот славеа со 64-25.