Стефанов јуниор ќе има деби од соништата во дресот на Македонија!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, по вечерашниот последен тренинг ги одреди патниците кои утре ќе тргнат на пат кон Сарагоса, каде што жолто-црвените в петок ќе ги одмерат силите против Шпанија, а меѓу нив е и најмладиот, Рубин Стефанов.

Станува збор за 17-годишниот син на легендарниот Врбица Стефанов, кој добива шанса од соништата да дебитира против актуелниот светски првак. Очекувањата се дека ќе добие шанса да му помогне на стартниот плејмејкер, Кристијан Николов, во организација на нападите, со оглед на необјаснетото отсуство на Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски. На оваа позиција ќе придонесе и вториот дебитант кој тргна кон Сарагоса, Виктор Ташевски од екипата на ТФТ.

Мечот од 5. коло од „Г“ квалификациската група е закажан за 1. јули од 19.30 часот, а ќе се игра во арената „Павиљон Принц Фелипе“ во Сарагоса. Нашиот сениорски национален тим утре изутрина, во 8.40 часот полетува кон Истанбул, а потоа следува и лет кон Мадрид. На шпанското тло нашите најдобри кошаркари треба да бидат некаде пред 17 часот, по што следува уште еден трансфер до крајната дестинација – Сарагоса. Стручниот штаб предвиде три тренинзи во салата каде на првиот ден од јули ќе играме против „црвената фурија“. Првите два се на 2. јули од 9.30 до 11 часот, односно од 19.30 до 21 часот. Ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот, од 11 до 12.30 часот.

СПИСОК НА ПАТНИЦИ ЗА САРАГОСА

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром

Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – Пелистер

Андреј Маслинко – ТФТ

Виктор Ташовски – ТФТ

Виктор Ефремовски – Гостивар

Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија

Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)

Рубин Стефанов – Италија

СЕЛЕКТОР: Драган Бајиќ

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Алекандар Јончевски

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Адмир Прасовиќ

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Александар Кукриќ