Србите се бореа лавовски, но несреќно загубија од САД

Кошаркарската репрезентација на Србија беше поразена од САД со 91-95 во полуфиналето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, иако дури 35 минути имаше предност против Американците.

Србија беше расположена во нападот во првата четвртина која ја освои со 31-23, а САД не успеа да се разбуди ниту во втората четвртина, па му дозволи на нашиот северен сосед да поведе со 54-43 на паузата.

Никола Јокиќ и другарите продолжија со одличната игра и во третата четвртина, каде што повторно беа подобри од Американците со 22-20, односно во последните 10 минути влегоа со водство со 76-63.

Србите се држеа и на почетокот на последната четвртина, но потоа почнаа проблемите, па САД на седум минути до крајот намали на пет поени негатива (73-78). Американците се разиграа во завршницата и триумфираа со 95-91.

Најефикасен во победата беше Стеф Кари со 36 поени, осум скокови и две асистенции, додека Богдан Богдановиќ постигна 20 поени, четири скокови и три асистенции за Србија.

САД ќе се бори против Франција за златниот медал, додека Србија ќе се соочи против Германија за бронзата.