Скандал во Подгорица: Тренерот на Димитријевиќ трчаше по судиите за да ги – истепа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Валенсија, за која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, загубија на вечерашното гостување кај Будуќност (70-71), каде што игра неговиот колега од националниот тим, Џејкоб Вајли, во меч кој ќе остане запаметен по големиот скандал на крајот од средбата.

Гостите го имаа последниот напад за победа, во кој не беше досуден прекршок над Дубљевиќ во ситуација „висок со низок“, по што тренерот на шпанскиот тим, Жоан Пењароја, буквлано збесна. Тој, откако се поздрави со противниците, почна да трча кон судиите со цел да се објасни на висок тон, а, како што кажаа коментаторите, дури и да е обиде физички да ги нападне, во што беше спречен.

Вајли го доби македонскиот дуел со осум поени и исто толку скока, додека Димитријевиќ мечот го заврши со два поени и два скока.

Видеото од обидот за тепање може да го погледнете ТУКА.