Симиќ следната сезона ќе игра во Шпанија - за третолигаш!

Теодор Симиќ се враќа во Шпанија откако потпиша за Прат, каталонски клуб кој настапува во третата шпанска лига.

Македонскиот кошаркар кој важеше за голем талент додека настапуваше во младинскиот погон на Барселона, сега ќе игра за третолигашки клуб.

Тео Симиќ стави потпис на договор со Прат кој важи за клуб кој е филијала на Хувентут.

По искуството во Барселона, Симиќ се пресели во Игокеа од Босна и Херцеговина од каде беше пратен на позајмица во Борац Бања Лука каде што настапуваше во претходните две сезони.