Шпанска „Марка“: Македонецот Димитријевиќ е новиот - Лука Дончиќ! (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра фантастично во клучните моменти за победата на неговиот Хувентуд против Сарагоса (94-83), добивајќи ја директната пресметка со поранешниот член на жолто-црвените, Лестер Бо Мекејлеб.

Младиот бек за 15 минути постигна седум поени, сите кога тоа беше најпотребно за неговата екипа. Неговиот настап ги одушеви и новинарите на престижната „Марка“, кои го прогласија за нов – Лука Дончиќ.

„Димитријевиќ – Лука Дончиќ на Хувентуд, динамит во својата најчиста форма“, напишаа новинарите на Марка заедно со видео со поените на Македонецот.