Македонската У20 репрезентација доживеа убедлив пораз во првото коло од Европското првенство што се одржува во Полска.

На стартот, нашата селекција не можеше да добие потежок противник, играше против првиот фаворит за титулата Шпанија, па очекувано загуби со 55 поени разлика (38-93). Македонските кошаркари беа конкурентни само во во првите осум минути од натпреварот кога резултатот беше 15-9 за Шпанија.

Следуваше најдолгата серија на мечот, од 22-0 за противничката репрезентација за огромни +28 по што стана јасно како ќе се движи мечот. На полувреме беше 48-13, а во третиот период Шпанија ја проби границата од 50 разлика. Во последниот период дојде до мало опуштање кај противникот, па нашите играчи го искористија тоа за да го ублажат поразот.

Ниеден од македонските кошаркари не постигна двоцифрен број поени, најеифкасен беше Бошалески со 7, а Шошкиќ, Јовановиќ и Луканоски постигнаа по 6. Катастрофален беше шутот од игра (15/62) додека нашите играчи имаа дури 28 загубени топки, најмногу Јовановиќ - 8. Утре Македонија се среќава со Турција во второто коло во меч во кој ќе има можност да го поправи впечатокот.