
Селекторски функции и за новиот и за стариот тренер на Работнички!
Сегашниот предводник на „центарци“, Нермин Пепиќ, кој го предводеше најтрофејниот тим на последните три средби, е избран за селектор на машката репрезентација до 16 години, која ќе се натпреварува на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Скопје. Неговиот претходник, пак, Горан Самарџиев, кој беше сменет во пресрет на третиот полуфинален меч од плејофот со ТФТ, ќе ја води машката репрезентација до 20 години на Европското првенство во Ерменија, исто така во Дивизија Б.
Горан Андреевски доби доверба од Управниот одбор да ја предводи машката репрезентација до 18 години, која оваа година ќе се натпреварува во Дивизија А на Европското првенство во Србија.. Во женската конкуренција, Оливер Стојмановиќ е именуван за селектор на М16 репрезентацијата што ќе игра на ЕП во Турција, додека Виктор Петровски ќе ја предводи М18 селекцијата во Литванија.