Селекторот Берокал го објави поширокиот список за средбите со Ирска и Луксембург!

Селекторот на македонската машка сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ во претквалификациите за Европското првенство 2029.

На списокот се наоѓаат најквалитетните 24 кошаркари во моментов, заедно со Ненад Димитријевиќ за кого до последен момент нема да се знае дали ќе прифати да го облече црвено-жолтиот дрес. Шпанецот за овие средби планира дополнително да повика и натурализирани кошаркари, со цел националниот тим да биде во најсилен можен состав за предизвиците кои следуваат.

Подготовките на репрезентацијата ќе се одвиваат во Скопје, а првиот официјален собир е закажан за 15 јуни во спортската сала „Лазар Лечиќ“. Македонските кошаркари во јули ги очекуваат последните дуели од групата „А“ од претквалификациите за ЕП 2029 и тоа против селекциите на Ирска и Луксембург. Првиот дуел ќе се игра во Скопје, додека гостувањето кај Луксембург ќе го заокружи овој претквалификациски циклус.

Македонија е лидер на табелата со четири победи од исто толку средби и теоретски ѝ треба една победа од овие пресметки за и теоретски го осигура директниот пласман во квалификациската фаза за следниот континентален собир.

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Ненад Димитријевиќ - Баерн Минхен (Германија)

Андреј Јакимовски - Тренто (Италија)

Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)

Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)

Валмир Какруки - Сигал Приштина (Косово)

Резарт Мемед - Бора (Косово)

Андреј Шошкиќ – НЦАА (САД)

Павел Иванов НЦАА (САД)

Војдан Стојановски - МЗТ Скопје

Андреј Маслинко - МЗТ Скопје

Марин Петков - МЗТ Скопје

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов- ТФТ

Стојан Ѓуроски - Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов - Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски - Пелистер

Лука Стојановски - Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ - Кожув

Амар Хот - Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески - Тиквеш

Михаил Наумоски – Феникс