Русите ја здробија Естонија и нè оставија во игра за ЕП 2022!

Русија ја оправда својата фаворитска улога против Естонија и во Талин славеше убедлива победа од 84-56 во рамки на квалификацискиот турнир за Евробаскетот во 2022 година. 

Овој резултат е добар за македонската кошаркарска репрезентација, бидејќи не остава со шанси за пласман на континенталниот турнир. „Зборнајата“ одигра максимално и убедливо против домаќинот на турнирот и во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање.

Евгениј Бабурин со 19 поени беше најдобар во руската репрезентација, додека Андреј Воронцевич постигна 15. Кај Естонците, најмногу се истакна Јанари Јоесар со 11 поени.

За потсетување македонската кошаркарска репрезентација денеска не го одигра својот натпревар со Италија поради три позитивни случаи на Ковид-19 во нашиот тим.