Партија на сезоната: Димитријевиќ полнеше кош, асистираше, но и „лепеше банани“ (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, сигурно ја прикажа најдобрата партија сезонава во дресот на Хувентуд во, за жал, поразот на неговата екипа против Уникаха (93-102), во драматичен меч со едно продолжение.

Тој средбата ја заврши со, рекордни за него 27 поени на кои додаде и осум асистенции, но играше одлично и за тимот со неколку атрактивни асистенции, но и една фантастична блокада на минус 16, со која всушност почна пресвртот на неговиот тим.

Димитријевиќ, сепак, беше и трагичар за својот тим, со оглед што во финишот од регуларниот дел промаши две слободни фрлања на 84-82 за Хувентуд, по што противникот изедначи, а потоа и победи во екстра-периодот. Но и тоа не го намалува фантастичниот настап на Македонецот, кој покажува дека израснува во голем кошаркар, поради што не е чудо што шпанските медиуми пишуваат дека веќе е пред потпис со евролигашот Валенсија.