Ништо од Куманово: Големата Литванија ќе ја пречекаме во „тесното“ Кале!
Првиот човек, Перо Антиќ, потенцира дека нивна желба била средбата да се игра во реновираната сала во Куманово, која до тогаш ќе биде отворена, но без решение за греењето.
„Желбата на сите ни беа да ја пробаме новата сала во Куманово. Но, таму има проблеми со греењето. Пробавме со „Борис Трајковски“, но не добивме ниту одговор на телефонскиот повик. Моравме да пријавиме сала за што рокот беше до вчера, па затоа решивме да ја пријавиме Кале“, изјави Антиќ.
Македонија ќе ја пречека Литванија на 21 ноември во третиот дуел од квалификациската група Х, во која уште се Естонија и Полска. Големата сала во СРЦ „Кале“ има капацитет од 2.000 гледачи, што до трипати помалку гледачи во однос на „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, кој воошто не беше спомнат како опција за оваа средба.