Никола Груевски оди на проба во италијански четвртолигаш! (ФОТО)

Членот на бронзената генерација од неодамнешното Европско првенство за кадети, дивизија Б, Никола Груевски (16 год, 202 см), е пред преселба во италијанскиот четвртолигаш Гросето, каде што ќе го мине следниот период на проба.

Станува збор за еден од најталентираните македонски кошаркари во моментов, кој до пред извесно време настапуваше за Вардар, а зад себе веќе има и италијанско искуство со оглед што мина четири месеци во Академијата „Некст степ“ од Пиомбино. Груевски игра на центарската позиција, а досега внимание предизвикуваше и поради истото име и презиме со доскорешниот македонски премиер и лидер на политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

„Пресреќен сум од шансата шти ја добив. Ми се допаѓа градот, а задоволен сум и од односот на соиграчите“, изјави Груевски.

Македонскиот кошаркар е планиран истовремено да игра за јуниорскиот состав на Гросето (играчи до 18 години), но и за сениорскиот тим кој се натпреварува во Серија Д, а во која пред десетина години настапуваше и сегашниот претседател на МКФ и легенда на македонската кошарка, Петар Наумовски.