МКФ го вклучи Лечиќ во стручниот штаб на една од младинските селекции!

Седницата на управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација денеска донесе неколку одлуки поврзани со иднината на македонската кошарка.

Назначени се селектори и комплетни стручни штабови во младинските селекции од 14 до 20 години во машка и од 14 до 16 години во женска конкуренција.

На највозрасните момци, нов селектор ќе биде Никола Василев, актуелниот тренер на Струмица, кој со своето интернационално искуство (работеше во Литванија) би требало да придонесе оваа генерација да го искористи својот потенцијал. Кај девојките, пак, Стојна Вангеловска ќе ја преземе селекцијата до 16 години, откако имаше исполнета агенда во периодов, како помошник на Марјан Лазовски, како негов асистент во женската сениорска селекција.

Меѓу сите новоназначени има и едно уште пославно презиме, тоа е Андреја Апостолски Лекиќ, внукот на легендарниот Лазар Лечиќ. Тој ќе има улога на помошник на Благоја Кечовски, во стручниот штаб на машката селекција до 14 години.

Покрај назначувањето на селекторите, на седницата на управниот одбор беше усвоен предлогот за субвенционирање на младинските категории.

 

НАЗНАЧЕНИ СЕЛЕКТОРИ:

Репрезентација до 14 години (ЖЕНИ)
Селектор:  Жаклина Стојановска
Помошник тренер: Христијан Шуменкоски
Ментор: Кире Атанасовски

Репрезентација до 16 години (ЖЕНИ)
Селектор: Стојна Вангеловска
Помошник тренер: Енвер Мифтари
Ментор: Горјан Стојановски

Репрезентација до 14 години (МАЖИ)
Селектор:  Благоја Кечовски
Помошник тренер: Никола Данев / Андреја Апосполски Лечиќ
Ментор: Сашо Лазаров

Репрезентација до 15 години (МАЖИ)
Селектор:  Денис Дервишевиќ
Помошник тренер: Марјан Ѓуров
Ментор: Николче Божиновски

Репрезентација до 16 години (МАЖИ)
Селектор: Александар Јованчев 
Помошник тренер:  Мартин Атанасовски
Ментор: Бранко Андриевски

Репрезентација до 18 години (МАЖИ)
Селектор:  Панче Милевски
Помошник тренер: Ангел Љутков
Ментор: Ѓорѓи Кочов

Репрезентација до 20 години (МАЖИ)
Селектор:  Никола Василев
Помошник тренер: Дарко Радуловиќ
Ментор: Будимир Јоловиќ