Македонските јуниорки го загубија и четвртиот меч на Европското првенство Б-дивизија
Македонија ѝ парираше на Норвешка само во првиот дел, каде што негатива имаше од шест поени, но потоа предноста на противничките почна да расте и на полувремето изнесуваше 42-27.
Норвешка го диктираше темпото и во следните две четвртини, каде што постојано ја зголемуваше разликата и триумфира со 79-48.
Најефикасна кај Македнија беше Јана Пишлевска со 11 поени, додека Ана Виксторм постигна 22 поени за Норвешка.