Македонски репрезентативец останува во Косово, ама - во друг клуб!
По една сезона мината во редовите на Сигал Приштина, искусниот кошаркар се враќа во тимот од Призрен, каде што настапуваше и во 2023 година. Какруки стави потпис на двегодишен договор и ќе биде едно од главните засилувања во амбициите на Башкими да ја освои шампионската титула. Клубот од Призрен минатата сезона стигна до финалето на косовскиот шампионат, но во битката за трофејот беше поразен од Трепча со убедливи 0-4 во серијата.
Какруки во Косово настапува како домашен играч, бидејќи поседува косовски пасош, а важи за еден од најценетите кошаркари во лигата, како по своите настапи на теренот, така и по професионалниот однос. Во досегашната кариера тој ги носеше и дресовите на Вардар, Академија ФМП и Работнички.