Македонија прокоцка победа против Летонија, па ќе се бори за 11. место на ЕП

Кадетската репрезентација на Македонија вечерва загуби од Летонија со 77-83, па ќе се бори за 11. место на Европското првенство (ЕП) во Скопје.

Првата четвртина им припадна на македонските кошаркари со 16-14, по што Летонија успеа да направи пресврт пред полувремето и да поведе со 29-27, но една тројка повторно го сврте резултатот во наша корист (30-29).

Летонија имаше водство до средината на третата четвртина, по што Македонија ги презема работите во свои раце и поведе со девет разлика (59-50).

Иако кадетите имаа предност во самата завршница, сепак Летонија успеа да се избори за продолженија во кои славеше со 18-12, односно конечни 83-77.

Најдобар во редовите на Летонија беше Персонс со 18 поени, додека кај Македонија блесна Величковски со 25 поени и осум скокови.