КФМ на Грузијците им пуштила стара химна која не се употребува – две децении!

Грузиските медиуми и денеска се занимаваат со скандалозниот почеток на синоќешниот меч против Македонија во Скопје, кој заврши со нивна победа со 79-65, откако им беше пуштена - погрешна химна.

Според информациите од Тбилиси, на кошаркарите на Грузија им била интонирана старата химна, која не е во употреба уште од 2004 година. Ова предизвика збунетост и зачудување, но не и претеран револт, можеби што грешката можела да биде уште поголема.

„Добро е што не ни беше пуштена химната која беше употребувана во време на комунизмот, која ни буди ужасни спомени“, е коментарот на еден од Грузијците.

Челниците на КФМ веднаш се обиделе да ја намалат направената штета и тоа со испраќање официјално извинување до сите Грузијци, најавувајќи дека ќе биде направена истрага за да се види како е дојдено до грешката.