Кадетите со пораз од Унгарија го освоија десеттото место на ЕП во Скопје
Македонските млади кошаркари во последниот натпревар од разигрувањето констатно беа во негатива и никако не успеаа да ја преземат контролата над натпреварот.
Најблиску до пресврт нашите кошаркари беа во последниот период кога се доближивме на три негатива (67-70), но повеќе од тоа не можевме. Унгарците до крајот одново влегоа во серија и го приведоа натпреварот кон крајот.
Во нашите редови најефикасен беше Ѓорѓи Цветковски со 24 постигнати поени, а го следеше Григориј Ѓорѓевиќ со 14. За Унгарија Зетени Курфис уфрли 30 поени.
Првенството избраниците на селекторот Јованчев така го завршуваат на десеттата позиција.