Јуниорите добија лекција од Хрватска на стартот на „Челинџерот“ во Скопје

Јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија загуби убедливо од Хрватска на стартот на ФИБА „Челенџер“ турнирот, што се одржува во Скопје.

„Коцкестите“ апсолутно доминираа против нашите млади кошаркари и уште по првата четвртина беше јасно „кој е кој“. На полувремето Хрватска водеше со 53-29, а предноста само ја одржуваше и на моменти зголемуваше до конечни 108-77. 

Андреј Митревски со 13 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека по 11 поени постигнаа Резарт Мемед и Филип Наков. Кај Хрватите најдобар бше Андрија Јелавиќ со 24 поени.