„Јокиќ е неверојатен кошаркар, но Србија нема шанси против САД“

Вечерва се игра второто полуфинале на кошаркарскиот турнир меѓу САД и Србија на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, а кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин ги кажа своите очекувања.

Грин имаше пофални зборови за Никола Јокиќ, но смета дека Србија нема шанси да се избори за финале на Олимписките игри.

„Србија го има Никола Јокиќ кој е неверојатен кошаркар, но нема шанси против САД. Прекинете да правите врева и да кажувате дека секој може да ги предизвика американските кошаркари“, вели Грин.

Победникот од мечот меѓу Србија и САД ќе игра против Франција во финалето на Олимписките игри.