Јакимовски: Мора да покажеме зошто сме тука, ќе дадеме сè од себе

Талентираниот кошаркар Андреј Јакимовски се враќа во сениорските национален тим на Македонија, по обврските кои ги имаше на Универзитетот Вашингтон во НЦАА-лигата.

Младиот кошаркар го искористи одморот за да ѝ се приклучи на Македонија, а притоа кажа дека е среќен што повторно го носи дресот на репрезентацијата.

„Огромно задоволство е да се игра за Македонија и тоа е предизвик. Не постои притисок во моментов, а ние треба да го дадеме најдоброто од себе. Имаме млада екипа и мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме веднаш, но важно е да изградиме тим“, кажа Јакимовски.

Јакимовски вели дека нема да се предадат предвреме против актуелниот шампион Шпанија.

„Против актуелниот светски првак ќе видиме до каде сме, играме против силна екипа, но нема да се предадеме предвреме“, вели Јакимовски.

Македонија го игра првиот меч против Шпанија во Сарагоса на 1 јули, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречека Украина.