Шпанскиот крај Фелипе Шести и десетици илјади навивачи во Мадрид ги дочекаа новите светски шампиони во кошаркар, репрезентативците на Шпанија, кои во неделата во големото финале ја совладаа Аргентина како круна на низата од осум победи на Мундобаскетот во Кина.

Шпанските репрезентативци го презентираа победничкиот пехар пред кралот Фелипе и кралицата Летиција, а капитенот Руди Фернандез му го подари златниот медал на кралот пред заедничкото фотографирање.Светските шампионите потоа, во отворен автобус, минаа низ улиците на Мадрид до плоштадот во овој град каде што беше централната прослава на големиот успех. Претходно, тие беа примени и од премиерот Педро Санчез.

За Шпанија ова беше второ светско злато по 2006 година на шампионатот во Јапонија. Според шпанските медиуми, неделното финале против „гаучосите“ бил најгледан кошаркарски настан во историјата на оваа земја.