
И Италија ги растури младинците, Македонија ќе води грчевита борба за опстанок
Подобра од нашата селекција денеска беше Италија која славеше со 92-70 и продолжува во битката за пласман од деветтото до 12. место. Од друга страна, следна станица за Македонија е борбата за место меѓу 13. и 16. позиција при што не е дозволен нов кикс бидејќи мораат да се добијат последните два меча за да се обезбеди опстанок во А-дивизијата.
Македонската репрезентација денеска беше конкурентна само во првите осум минути кога и водеше со 13-12. Следуваше серија од 13-1 на противникот за двоцифрена предност на крајот од првата четвртина (25-14). Нашите кошаркари не се предадоа во прв момент, дојдоа на 22-27, но со уште една серија од 10-0, Италијанците се вратија на убедлива предност, а на голем одмор заминаа со 50-31. Во второто полувреме разлика не се симна на едноцифрена вредност, а најмногу што успеа да се доближи Македонија беше -10.
Убедливвиот пораз на нашата репрезентација дојде и покрај релативно добриот шут од дистанца имајќи предвид дека Македонија погоди 14 тројки од 37 шута што значи дека повеќе од половина поени се постигнати од тројки. Најефикасен беше Симиќ со 17 поени, а Јовановиќ и Бошалески постигнаа по 13. Следен противник на Македонија ќе биде Исланд, а натпреварот се игра в сабота.