Коко Гоф стави крај на бајката на новата Ана Ивановиќ во Њујорк!

Американската тенисерка, Коко Гоф, обезбеди пласман во четвртфиналето на грен-слем турнирот УС Опен, откако во осминафиналната фаза ја совлада својата сонародничка со српско потекло, Ива Јовиќ во два сета (6-1, 6-4) и тоа по 90 минути игра.

Таа со овој триумф закажа четвртфинален дуел против руската тенисерка Мира Андреева. Првиот сет целосно ѝ припадна на Гоф, која направи брејк уште во првиот гем и го затвори сетот за само 34 минути. Во вториот дел од натпреварот беше забележана поголема борба и резултатска неизвесност до 3-3. Клучниот момент се случи во седмиот гем, кога Јовиќ го загуби својот сервис без освоен поен, што ѝ овозможи на поискусната противничка да направи предност и да го приведе мечот кон крај.

И покрај елиминацијата во осминафиналето, осумнаесетгодишната Јовиќ забележа голем успех на овогодишното издание на турнирот во Њујорк. За пласманот меѓу најдобрите шеснаесет таа ќе инкасира парична награда од 480.000 долари. Дополнително, младиот талент очекува висок пласман на ВТА листата од следниот понеделник, каде што се проектира да се најде на 16-тата позиција.

Јовиќ е Американка чиј татко е со потекло од Лесковац, а мајка ѝ е од Сплит, а поради својата убавина и српски корени често ја нарекуваат новата Ана Ивановиќ.