ЕП е сѐ подалеку: Македонија за 20 минути треба да надополни огромни – минус 20!

Македонската кошаркарска репрезентација одигра лошо прво полувреме во клучниот натпревар за пласман на ЕП 2022 против Естонија, поради што има двоцифрен минус по завршувањето на втората четвртина (38-49).

Тоа значи дека во преостанатите 20 минути треба да надополниме огромна негатива од 20 поени, со оглед што на овој меч треба да го надопочниме и заостанувањето од првиот дуел против Естонците во кој загубивме со 72-81.

Одбраната и денеска ни е „шуплива“ како швајцарско сирење, за што говори и огромниот број поени кои ги постигна противникот. Негативата е резултат на големиот број загубени топки (вкупно 12, седум повеќе од ривалот), како и шестте промашени слободни фрлања и лошиот процент за тројка (3/14), поради што паѓа во вода фактот што промашивме само три од вкупно 13-те удари за два поени.

Во тимот е и повредениот Ненад Димитријевиќ, кој постигна девет поени, но има и дури шест загубени топки, додека убедливо најдобар меѓу жолто-црвените е Бојан Трајковски со 14 поени.