Дончиќ: Земја сме со два милиони жители, а играме полуфинале на ЛОИ – какво чувство!

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ за малку не дојде денеска до трипл-дабл во убедливиот триумф на Словенија против Германија со 94-70 за полуфинале на ЛОИ во Токио и тоа на дебито на олимпискиот кошаркарски турнир.

Дончиќ даде 20 поени, имаше 11 асистенции и 8 скока во триумфот над Германците за историски пласман и борба за медал на Словенците, па не можеше да не го прокоментира големиот успех со својата земја со која сѐ уште нема пораз, а веќе еднаш освои европска титула.

„Меѓу четирите најдобри на светот, а земја со само два милиони жители. Какво чувство!“, објави Дончиќ.