Димитријевиќ и Арис го шокираа Панатинаикос во дербито!

Кошаркарите на Арис триумфираа против Панатинаикос со 101-91 во петтото коло од грчката лига, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше солиден настап.

Првата четвртина не понуди многу поени, но затоа нападот на двете екипи се разбуди во продолжение од средбата, а Арис на полувреме замина со 46-43.

Арис ја направи клучната разлика во третата четвртина, кога стигна до убедливи 79-67, по што екипата на Димитријевиќ успеа да го зачува водството и да слави против големиот ривал.

Димитријевиќ го заврши мечот со 14 поени, еден скок и пет асистенции, додека најефикасен беше Мет Морган со 21 поен и две асистенции за Арис. На спротивната страна Јабуселе постигна 22 поени, три скокови и една асистенција.

Фото: Facebook/ARIS B.C.