
Димитријевиќ го растури Локомотив, навивачите му скандираа - МВП!
Локомотив ја доби првата четвртина со 24-23, додека Уникс до полувреме направи пресврт и замина на паузата со 49-46.
Во второто полувреме Уникс беше подобар и веднаш создаде предност од 73-64, по што Локомотив тргна да бара израмнување, меѓутоа Димитријевиќ беше незапирлив на паркетот и во завршницата постигна важни поени со кои донесе победа за неговата екипа.
Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 31 поен, шест скокови и шест асистенции.
Уникс во финалето на ВТБ-лигата ќе игра против ЦСКА Москва, која претходно со 4-2 го елиминира Зенит Санкт Петербург.