
Монструм: Бивш шпански селектор над 50 пати силувал 13-годишна кошаркарка!
Случајот од 1998 година конечно доби епилог. Тренерот силувал 13-годишно девојче над 50 пати кога имал 31 година, а судот по долг период реши да му одреди затворска казна.
Тренерот го силувал 13-годишното девојче околу три ипол години, а судот утврди дека тој ја користел неговата позиција и разликата во години за да манипулира со жртвата, која играла за еден од неговите тимови.
Лопез ќе мора да исплати и 80.000 евра отштета на жртвата, а исто така доби забрана да тренира малолетнички во иднина.