„Антиќ не сакаше да помогне во најтешкото, ми викаше оди на плажа, а сега се удира во гради!“

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, на денешната прес-конференција и официјално потврди дека Јорданчо Давитков повеќе не е селектор на сениорската репрезентација зашто му завршил договорот, на што набрзо одговор дојде токму од веќе поранешниот предводник на националниот тим.

Поранешниот капитен на Работнички, прв капитен на Македонија и првиот што како играч и тренер станал шамапион ја објасни ситуацијата во која била репрезентацијата кога седнал на клупата, а во каква состојба ја остава. Давитков го потенцира и и фактот што токму Антиќ бил еден од тие што му се „смееле“ кога се нафатил на селекторската функција со навредување, како што вели самиот тој меѓу редови, на квалитетот на тогашниот играчки кадар со кој располагала македонската кошарка.

Неговото обраќање до јавноста ви го пренесуваме во целост.