„Аца трица“ збесна против САД – пцуеше, дивееше, па играчите едвај го изнесоа од теренот (ВИДЕО)

Притисокот поради обврската да се победи селекција како САД за да се обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Кина се покажа како преголем товар за селекторот на Бразил, Хрватот Александар Петровиќ, кој буквално побудале во втората четвртина по што доби двојна техничка грешка, а со тоа и исклучување од натпреварот.

Инцидентот се случи при водство 28-23 на противникот, кога Андерсон Варежао откако беше блокиран ја спаси топката, но судиите покажаа дека ја нагазил линијата од игралиштето. Тоа го збесна популарниот „Аца трица“, кој влета во теренот пцуејќи ги сите околу себе, па на крајот дури неговите играчи мораа да го испратат надвор од теренот за да може средбата да продолжи.

Бразилците на крајот претрпеа убедлив пораз, по што мораа да се вратат дома без пласман меѓу осумте најдобри на Мундобаскетот.