
Страшен инцидент: Убиен возач на автобус кој возел навивачи! (ВИДЕО)
Инцидентот се случил по кошаркарскиот меч од втората италијанска лига меѓу екипите на Себастијани Риети и Пистоја.
Автобусот кој со гостински навивачи заминувал по натпреварот, бил пресретнат од домашни фанови кои почнале да фрлаат со камења и други предмети. Шофершајбната била скршена со тула, а потоа погоден возачот кој добил смртоносни повреди.
Автобусот бил под полициска придружба до кратко време пред да се случи инцидентот.