Српска кошаркарска легенда ќе седне на клупата на милионерите од Дубаи!
Тој се уште е селектор на кинеската репрезентација, но наскоро би требало да биде промовиран во предводник од клупата на составот од Блискиот Исток, чија цел е наскоро да игра и во Евролигата. Ѓорѓевиќ како селектор на Србија освои сребрени медали на Европски и Светски првенства, како и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Поранешниот фантастичен плејмејкер ги предводеше екипите на Фенербахче, Виртус Болоња, Баерн, Панатинаикос, Тревизо и Олимпија Милано.