
Србите изненадувачки не си (по)пуштија – МЗТ доби нова шанса за опстанок во АБА!
Многумина сметаа дека ќе проработи српската линија и дека гостите од Белград малку ќе (по)пуштат на оваа средба, со оглед што се далеку од зоната за испаѓање, а немаат големи шанси во борбата за врвот. Но, младиот тим кој неофицијално е во сопственост на менаџерот Мишко Ражњатовиќ одигра чесно и спортски без разлика на националната припадност, особено што во второто полувреме надополнија голема негатива од првиот дел.
МЗТ Скопје сега има скор 4-18, додека Борац има една победа повеќе, поради што многу работи ќе бидат појасни по гостувањето на македонскиот тим во Чачак следната сабота. Победата на аеродромци е речиси неопходна, иако има теории за опстанок дури и со пораз, ама шансите за такво нешто тогаш ќе бидат микроскопски. Ако, пак, евентуалниот триумф на сино-белите биде остварен со најмалку девет поени разлика, тоа би бил џек-пот и речиси сигурно останување во регионалната елита.