Скандал во АБА2: Црногорски кошаркар им се заканувал на Срби – го пријавил тренерот!

Вчера и завчера се одиграа првите натпревари од четвртфиналето на АБА 2 лигата., во кои МЗТ Скопје, Спартак Суботица и Војводина очекувано остварија победи, а најголемо изненадување беше убедливиот триумф на Подгорица против фаворитот Златибор (113-89).

Овој натпревар предизвика голем интерес не само поради резултатот туку и поради фактот што натпреварот беше бурен, исполнет со емоции и нервоза, а имаше и „трето полувреме“ на прес-конференцијата. Долгогодишниот тренер на Златибор, Страјин Недовиќ, го обвини кошаркарот на противничката екипа, Милутин Ѓукановиќ, за недолично и неспортско однесување.

„Одличната игра на една млада екипа паѓа во втор план благодарение на подгоричанецот Милутин Ѓукановиќ, кој сакаше да го повреди нашиот кошаркар кој веќе имаше повреда на раката. По натпреварот се закануваше и го пцуеше целиот наш тим во ходникот, што е срамота, па затоа барам од АБА лигата да реагира, што го наведов и во извештајот до делегатот“, откри Недовиќ.

Тој е убеден дека се уште ништо не е готово со оглед на тоа што реваншот од четвртфиналето ќе се игра на теренот на Златибор.

„Во мечот влеговме деконцентрирани, но и покрај минусот од 24 поени ништо не е готово, бидејќи Подгорица ќе дојде во Златибор, каде што ќе се обидеме да стигнеме. Ништо не е невозможно и нема да се откажеме“, дополни тренерот на српскиот тим.

Реваншите од четвртфиналните дуели ќе се одиграат следниот вторник и среда, а во полуфиналето ќе се пласираат екипите кои ќе бидат подобри во вкупниот кош-количник од двата натпревари..

ПЛЕЈОФ НА АБА 2-ЛИГА

ВТОРНИК

18:00 Златибор – Подгорица (прв натпревар 89-113)

20:00 Спартак – Хелиос (84-71)

СРЕДА

17:00 Војводина – Сутјеска (89-84)

19:00 Широки – МЗТ Скопје (69-85)