Работнички ќе мора да плати 25.000 евра ако сака да игра во АБА2 следната сезона!

Екипата на Работнички ја доби пресметката за „бронзениот медал“ во домашното првенство против ТФТ, со цел да се добие името на третата екипа која покрај шампионот МЗТ Скопје и финалистот Пелистер би играл во АБА2 следната сезона.

Но, патот на центарци кон второто по ранг натпреварување во регионот нема да биде лесен ниту евтин, со оглед на промените во системот во оваа лига. Сигурно место, како и досега, имаат по двете најдобри екипи според пласманот од сите поранешни републики од некогашната заедничка држава (Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија и Македонија). Останатите би се пополнувале со специјална покана, која од оваа сезона, барем според неофицијални информации, би чинела 25.000 евра.

Во АБА2 следната сезона би настапувале 16 тима поделени во четири групи. Секој тим бо првата фаза би одиграл по шест меча (три дома и три на гости) по што најдобрите два состава би продолжиле понатаму. Потоа би се формирале нови две групи со по четири екипи и одново секоја екипа би одиграла по шест меча (три дома и три на гости). На крајот од оваа фаза, првите две од секоја група би играле во полуфинале, а победниците и во финале, кои како и досега би се играле во два меча на кош-разлика.

Македонија минатата сезона имаше три преставника во АБА2, но само поради фактот што МЗТ не влезе во националната квота со оглед што испадна од АБА1.