
Човек да не поверува: Фудбалерите на Ал Хилал добиле луда премија!
Тимот кој од клупата го води италијанскиот стратег Симоне Инзги славеше против еден од најголемите европски клубови и така предизвика голема еуфорија во соблекувалната и помеѓу навивачите.
По натпреварот во соблекувалната на тимот влегол и еден од луѓето во раководството на клубот кој соопштил дека секој член за големата победа е нагреден со по пет милиони евра.
Ваквата награда која е реткост дури и кога се освојуваат трофеи само уште еднаш ја покажува финансиската моќ на клубовите од Саудиска Арабија кои продолжуваат да вложуваат во спортот.