
Eкс-соиграч на Роналдо од Реал Мадрид откри непозната приказна: Тој е феномен!
Голманот го опиша Рналдо не само кога голем фудбалер, туку како и фантастичен човек.
„Кога заминавме во САД на припреми, тој за целиот тим, вклучувајќи ги и физиотерапевтите и обезбедувањето го купи најновиот Ајфон и Епл часовник“, раскажа 38-годишниот чувар на мрежата.
За Касиља тој гест преставува доказ за тоа за каков човек станува збор.
„Тој е феномен кој помага и на последното дете од академијата. Побарајте од него било што и ќе ви помогне“, изјави голманот кој е роден во Тарагона, а во кариерата настапуваше за: Реал, Еспањол, Кадиз, Картагена, Елче и Гетафе.
Касиља за Реал Мадрид собра вкупно 43 настапи, но зад себе има и еден настап за шпанската репрезентација.
Фото: EPA