Потврдено: Алекса Аврамовиќ има нов клуб

Репрезентативецот на Србија, Алекса Аврамовиќ кариерата ќе ја продолжи во ЦСКА Москва.

Информацијата ја потврди менаџерот на Аврамовиќ Мишко Ражнатовиќ на својот Твитер профил.

„Алекса Аврамовиќ во наредната сезона ќе игра за ЦСКА Москва“, објави Ражнатовиќ.

Аврамовиќ во Партизан помина три сезони и стана вистински миленик на навивачите, но со црно-белите освои само еден трофеј и тоа во АБА лигата.

Иако се шпекулираше дека може да се пресели во НБА по одличните настапи на Олимписките игри, сепак на крајот заврши во Русија.