Потресно сведоштво за смртта на Оџо: Само се допре на ѕидот и падна на паркетот...

Нигерискиот кошаркар и поранешен член на Црвена Звезда, Мајкл Оџо почина денеска на 27-годишна возраст за време на индивидуален тренинг.

Сведоци на настанот за српските медиуми дадоа потресно сведоштво за тоа што се случувало.

„Оџо настрада за време на тренинг. Тој се допре за ѕидот од салата под кошот и наеднаш падна на земјата“, откриваат сведоците.

Оџо почина како последица од инфаркт, а ниту брзата реанимација не му помогнала на кошаркарот да ја добие битката за неговиот живот.