Партизановци се „крстат“ во ривалот: Се надеваме дека Ц. Звезда ќе победи во Истанбул!

Еден од подобрите кошаркари на Партизан, Алекса Аврамовиќ, смета дека нивниот најголем ривал, Црвена Звезда би можел да им помогне и да слави на задутрешното гостување кај Анадолу Ефес во меч од последното коло од Евролигата.

Партизановци имаат само една шанса да дојдат до десеттото место кое последно води во плејинот, а тоа е црвено-белите да направат сензација во Истанбул, а потоа тие да ја совладаат Валенсија на домашен терен.

„Со победата против Задар направивме увертира за остатокот од сезоната, а најмногу за она што следи во Европа, дуелот со Валенсија. Ние максимално ќе се подготвиме и ќе се надеваме дека црвено-белите ќе победат во Истанбул. А пред тоа ќе се подготвуваме за гостите од Шпанија за да ја почитуваме публиката, противникот и самите себе. Секогаш сме негувале таков однос, нема голема филозофија“, изјави Аврамовиќ потајно надевајќи се дека Звзеда може да го изненади Ефес.